Глобалната суперѕвезда Лана Дел Реј го објави својот нов сингл „Henry, Come On“ за дискографската куќа „Polydor Records“. Песната ја најавуваше повеќе од една година, а првиот клип го сподели на својот Инстаграм профил во јануари 2024 година.
Синглот „Henry, Come On“ бил создаден во соработка со кантри продуцентот и текстописец Лук Лерд, познат по неговата работа со уметници како Кери Андервуд, Кејси Масгрејвс и Раскал Флет, а кон продукцијата на новиот се синг приклучил и Дру Ериксон.
Лана Дел Реј откри дека оваа песна е водечки сингл од нејзиниот претстоен десетти студиски албум, „The Right Person Will Stay“, кој треба да биде објавен на 21 мај.
Лана објасни дека албумот „The Right Person Will Stay“ бил инспириран од американската и кантри музиката. Во минатогодишното интервју за „Vogue“, таа изјави дека новата музика нема да биде „драматично отстапување“ од нејзината претходна работа, додавајќи дека тоа ќе биде „класична кантри, американска или јужноготска продукција“.
Овој албум е наследник на изданието од 2023 година, „Did You Know That There’s A Tunnel Under Ocean Boulevard“ на кој исто така работела со Ериксон, како и со Мајк Хермос, Џек Антоноф, Зак Џевс и Бенџи. Овој албум беше номиниран за албум на годината и најдобар алтернативен албум на 66-то доделување на Греми наградите.
Подоцна во текот на оваа година, пејачката ќе ја започне својата прва распродадена летна, стадионска турнеја во Велика Британија и Ирска, со посети на Даблин, Ливерпул, Глазгов, Кардиф и Лондон, каде што ќе одржи два концерта на стадионот Вембли.