Извор тврди: Кајли Џенер му забранила на момчето да снима 18+ сцени

Точка

11/04/2025

17:09

2.723

Големина на фонт

а а а

Кајли Џенер сака нејзиното момче Тимоти Шаламе да престане да снима 18+ сцени пишува „The Sun“. Добро информиран извор изјавил дека Џенер е лута на Гвинет Палтроу поради нејзините неодамнешни приказни за интимните сцени со Шаламе во „Marty Supreme“.

„Тимоти нема проблем со интимноста во филмовите, но на Кајли тоа не ѝ се допаѓа. Не ѝ се допаѓаат сите детали и сака тој да престане да снима такви сцени“, истакнал изворот.


Палтроу: Имаме многу секс сцени

Потсетуваме, Палтроу (52) и Шаламе (29) снимиле бројни експлицитни секс сцени во нивниот филм, а тоа го открила актерката во интервју за „Vanity Fair“. „Мислам, имаме многу секс сцени во овој филм. Многу, навистина многу“, рекла таа. На прашањето на новинарот: „Значи, многу пати сте во многу ранливи пози со него?“, Гвинет одговорила: „И повеќе од тоа“.


Палтроу за нејзиниот колега Шаламе изјавила: „Тој е секс симбол за оние кои ја ценат интелигенцијата. Тој е многу љубезен, добро воспитан… Сакав да кажам дечко, но тој е маж кој сериозно ја сфаќа својата работа, а сепак е забавен партнер на снимањето“.

Дејството на филмот

„Marty Supreme“, во режија на Џош Сафди, е измислена приказна инспирирана од реалниот живот на професионалниот играч на пинг-понг Марти Рајсман, повеќекратен освојувач на медали на светските првенства од доцните 1940-ти до 1960-тите.


Шаламе (29) го толкува главниот лик Марти Маузер, додека Палтроу ја игра неговата љубовница, партнерката на еден од играчите.