Мбапе не се повлекува: Адвокатите бараат присилна наплата на 55 милиони евра од ПСЖ

Дерби

11/04/2025

13:16

1.498

Големина на фонт

а а а

Килијан Мбапе не планира да се повлече од легалната битка со ПСЖ и натаму инсистира на 55 милиони евра, кои според неговата верзија треба да му бидат исплатени од страна на францускиот клуб.

Актуелниот член на Реал Мадрид не бил исплатен докрај од ПСЖ пред да се пресели во Шпанија, а неговиот адвокатски тим открил дека почнува со активирање на процедура за присилна наплата од сметката на клубот.

– Случајот се развлече една година, а тоа беше рокот кој го поставивме за негово мирно решавање.

– Килијан се уште не ги доби тие 55 милиони евра, па сега ќе мора да бидеме поагресивни и да го реализираме барањето, – велат од адвокатскиот тим на Мбапе.

ПСЖ досега доби поддршка од Француската фудбалска федерација која одлучи дека нема надлежност да прими и одлучува по таков вид жалба, а опкружувањето на Мбапе сега ќе бара помош од актуелната власт, но и од УЕФА и ФИФА. Според францускиот фудбалер, ПСЖ не му ги исплатил последните три плати и третина од ветениот бонус за останување во ПСЖ претходното лето.