Иднината на Мохамед Салах долг период беше поврзувана со збогување со Ливерпул и продолжување на кариерата во друг клуб, но „црвените“ на крајот успеаја да се договорат со својата прва ѕвезда.
Утринава, премиерлигашот официјално се пофали со договор за продолжување на соработката со Салах, со што египетскиот интернационалец останува на „Енфилд“ и наредните години.
Досегашниот договор на Салах истекуваше летово, но крилниот напаѓач сега ставил потпис на нов, со кој има обезбедено место во редовите на премиерлигашот до 2027 година.
Информацијата доаѓа во најдобар момент и за фановите кои очекуваат нова титула во Премиер лигата, но посакуваат исто сценарио да се случи и во преговорите со Вирџил ван Дајк.
Ливерпул им посака добро утро на своите фанови објавувајќи видео со кое Салах самиот потврдува дека приказната продолжува…
The story continues... 👑 pic.twitter.com/ITVF6gpqAJ
— Liverpool FC (@LFC) April 11, 2025