Бобан: Оваа Барселона ќе прими најмалку три гола од Интер

Дерби

11/04/2025

12:28

1.236

Големина на фонт

а а а

Звонимир Бобан остана импресиониран од дефанзивната дисциплина на Интер и брзата транзиција во напад која ја има тимот на Симоне Инѕаги, па иако е легенда на Милан, не се срами да нагласи дека актуелниот италијански шампион е убедливо најдобар тим на чизмата.

Легендарниот хрватски фудбалер овие констатации ги изнесе во вторникот, но еден ден подоцна ги гледавме и останатите две четвртфинални пресметки во Лигата на шампиони, од кои добивме два големи фаворити за пласман во полуфиналето.

Барселона и ПСЖ беа сигурни на домашен терен и според многумина отскокнуваат како главни фаворити за трофејот со оглед играта која ја прикажуваат, но Бобан смета дека каталонците би имале неизмерно тешка задача, особено ако во полуфиналето играат со Интер.

– Ако Интер играше на „Монжуик“ на местото на Дортмунд, ќе постигнеше најмалку три гола против оваа Барселона. Го велам ова поради начинот на кој игра Интер, дефанзивната дисицплина, но и начинот на кој го користи просторот.

– Овој Интер може да и нанесе голема штета на Барселона, би постигнале најмалку два или три гола. Ако Интер беше на теренот на местото на Дортмунд, ќе постигнеше три гола и ќе имаше добар резултат за реваншот. Барселона игра добар фудбал, но остава многу простор зад себе, тоа е нешто што ќе го казни тим како Интер. Ако дојде до пресметка меѓу Барселона и Интер, мислам дека Ханси Флик ќе го менува пристапот и ќе игра далеку попретпазливо од тоа што го гледавме со Борусија, – вели Бобан.