Еврото најсилно во однос на доларот по три години

Макфакс

11/04/2025

12:20

514

Големина на фонт

а а а

Еврото продолжува да расте во однос на американскиот долар и денес ја достигна својата највисока вредност после три години.

Според податоците на берзата, еврото денеска во 10:10 часот се продаваше за 1,13556 долари, што е највисока вредност на европската валута од крајот на февруари 2022 година.

На крајот од тековната трговска недела, еврото би можело кумулативно да се зголеми за дури 3,5 отсто во споредба со американската валута, бидејќи бурните настани околу царинската политика на американскиот претседател Доналд Трамп уште еднаш ги поттикнаа стравувањата од рецесија и ја поткопаа довербата на инвеститорите во САД, пренесува „Trading Economics“.

Претходно оваа недела, претседателот Доналд Трамп објави 90-дневна суспензија на реципрочните царини за да се овозможат преговори, а ЕУ одговори со суспендирање на сопствените царини за американските стоки.

Францускиот претседател Емануел Макрон предупреди дека потегот на Трамп претставува само „кревка пауза“, предупредувајќи дека деловната доверба ќе продолжи да биде под притисок.

ЕУ, исто така, повтори дека нема да ја промени својата дигитална регулаторна рамка како услов за каков било трговски договор со САД, објавија медиумите.