Андре Онана имаше ново кошмарно издание како голман на Манчестер Јунајтед и имаше лоши реакции при двата гола кои ги постигна Лион, па така ги оневозможи своите соиграчи да се вратат со победа од „Олимпик парк“.
Голот на Шерки во 95-та минута дојде по лошо одбиена топка од камерунскиот чувар на мрежата, кој претходно во првиот дел имаше лоша проценка и при голот за водство на Лион.
Двата лоши потези дојдоа во вечер во која Давид Де Хеа брилијираше на голот на Фиорентина, па фановите на Манчестер Јунајтед повторно почнаа да поставуваат прашања за голманската смена која ја режираше раководството.
Ако Онана беше трагичар, Де Хеа беше јунак и спасител на Фиорентина во Словенија, бидејќи во 97-та минута режираше клучна интервенција за да ја одбрани победата од 1:2.
Искусниот шпански чувар на мрежата по којзнае кој пат оваа сезона воодушеви на голот на „виолетовите“, па севкупно гледано, има перформанси кои се далеку подобри од оние на актуелниот голман на Јунајтед.
Одбраната погледнете ја ТУКА.