Најмалку 50 нилски коњи и други големи животни угинаа од труење со антракс во најстариот национален парк во Африка, изјави директорот на паркот, Емануел де Мероде, пренесе „Би-би-си“.
Фотографиите објавени од Националниот парк Вирунга во Демократска Република Конго покажуваат неподвижни животни кои пливаат по реката Ишаша. Претставниците на паркот рекоа дека телата почнале да се појавуваат минатата недела.
Anthrax kills 50 hippos in Africa's oldest nature reserve https://t.co/SgDq1jWNHx via @physorg_com
— Robb Edwards 🌱 (@RobRobbEdwards) April 9, 2025
Точната причина за труењето првично била непозната, но тестовите потврдиле присуство на антракс.
Директорот на паркот рече дека се во тек напори за отстранување на животните за да се спречи понатамошно ширење на болеста, но процесот е отежнат поради недостигот на потребната опрема како што се багери.
„Тешко е поради недостигот на пристап и логистика“, изјави тој за „Ројтерс“.
At least 50 hippos and other large animals have died from anthrax poinsing in Democratic Republic of Congo's Virunga National Park, officials say. The exact cause of the poisoning is unknown but tests have confirmed the presence of anthrax. https://t.co/iTj0kdAogt pic.twitter.com/Dg0UHm9qPn
— BBC News Africa (@BBCAfrica) April 8, 2025
Реката Ишаша тече северно до езерото Едвард, едно од најголемите африкански езера, каде што се пријавени мртви примероци од диви животни.
Антраксот е предизвикан од бактеријата Bacillus anthracis и може да биде смртоносен, но обично не се шири лесно. Преживува како спори кои остануваат скриени во почвата со години пред да ги зарази животните преку вдишување или исеченици на кожата.
Конгоанскиот институт за зачувување на природата ги предупреди локалните жители да избегнуваат контакт со диви животни и да ја зовриваат водата од локални извори пред да ја консумираат.
Вирунга е еден од биолошки најразновидните, но и најопасните национални паркови на континентот. Покрај тоа што е популарна туристичка дестинација, паркот беше погоден и од конфликти меѓу бунтовничките групи и конгоанската армија во последниве години.
Во последните децении, беа направени напори да се зголеми популацијата на нилски коњи во паркот, откако ловокрадството и војната го намалија нивниот број од повеќе од 20.000 на само неколку стотици.