Наставничка (39) доживеала мозочен удар во сон: Бебе-монитор снимил шокантни сцени – еве што направила кога се разбудила

Точка

10/04/2025

14:30

3.229

Големина на фонт

а а а

Сите пишуваат за наставничката Криста Фигари, која доживеала мозочен удар – и еве зошто нејзината приказна е толку важна.

Криста, како и секое друго утро, тоа априлско утро стана од кревет и почна да го мести. Сепак, следниот момент ѝ го промени животот засекогаш. Кога се заврте, нејзиното тело одеднаш престана да ја слуша – раката, ногата, целата лева страна. Паднала покрај комодата, не знаејќи дека има мозочен удар.

Има 39 години, е здрава, активна, не пие и не пуши – и немала поим дека има вродена „дупка“ во срцето, што може да ѝ го загрози животот.

Мозочниот удар обично се поврзува со постари лица, но Криста доживеала мозочен удар „во сон“ – во средни години, а симптомите се појавиле дури по будењето.

За среќа, успеала да стигне до телефонот, да се јави на нејзината братучетка и на управителот на зградата, кој повикал Брза помош и Пожарна служба, кои влегле преку прозорецот. Благодарение на брзата реакција и стручниот тим лекари во Њујорк, Криста добила третман во т.н. „златен час“. Тоа значи дека лекот што ги раствора тромбовите (тромболиза) бил даден навреме, по што движењето во раката и ногата почнало да ѝ се враќа за само 15 минути.

Подоцна се утврдило дека Криста имала мала вродена дупка помеѓу преткоморите на срцето, преку која тромбот директно стигнал до мозокот и предизвикал мозочен удар.


Во јули 2024 година, таа била подложена на минимално инвазивна процедура, при што дупката била затворена со мал имплант. Денес полека закрепнува – практикува пилатес, тренира, пишува – иако сѐ уште чувствува слабост во левата рака.

Примерот на Криста е силен потсетник дека мозочниот удар не е „резервиран“ само за постарите лица, и дека брзата реакција спасува животи и ги намалува последиците. Не ги игнорирајте „невообичаените“ симптоми: ненадејна слабост во раката или ногата, нејасен говор, вртоглавица, вкочанетост или заматен вид – сето тоа може да биде знак за мозочен удар.

Денес Криста зема аспирин, има подготвен план за итни случаи и ја споделува својата приказна за да ги предупреди другите.

„Ако чувствувате дека нешто не е во ред – слушајте ги вашите инстинкти. Повикајте некого. Одете на лекар. Не чекајте. Зашто последиците можат да бидат трајни“, вели таа.


Знаци на мозочен удар:

• Слабост или вкочанетост на лицето, раката или ногата (особено од една страна на телото)

• Заматен или двоен вид

• Збунетост, тешкотии во зборувањето или разбирањето

• Ненадејна силна главоболка

• Губење на рамнотежа, вртоглавица