[ВИДЕО] Трамп: Ми се јавуваат, ми го бакнуваат задникот, ме молат да се договориме

Точка

09/04/2025

20:31

2.877

Големина на фонт

а а а

Американските власти, во согласност со указот потпишан од претседателот Доналд Трамп минатата недела, денеска воведоа нови царински мерки за производи од неколку десетици земји.

Неколку часа пред стапувањето во сила на новиот тарифен пакет, Трамп се обрати пред Националниот републикански конгресен комитет и, на свој карактеристичен начин, се пофали со бројот на земји кои го контактирале обидувајќи се да постигнат договор за намалување на царините.


– Ми се јавуваат тие земји, ми го бакнуваат задникот. Умираат за договор! Ве молам, господине, ајде да се договориме. „Ќе направам сè што треба“, – рече Трамп, имитирајќи го наводното однесување на странските лидери, што предизвика смеа кај присутните.


„По ѓаволите, знам што правам“

Тој истакна дека е единствениот кој бил подготвен да воведе тарифи, бидејќи, според него, сите други се плашеле од критики.


– По ѓаволите, знам што правам. Јас сум единствениот што би вовел тарифи, затоа што сите други се плашеа. Се плашеа од критики! – изјави Трамп самоуверено.


Каролин Левит, портпаролка на Белата куќа, претходно изјави дека телефонските линии „ѕвонат без престан“ и дека дури 70 земји изразиле интерес за договор.


Царинските мерки стапија на сила точно во 4:01 часот по средноевропско време и претставуваат најголемите тарифи воведени досега – особено насочени кон Кина, со стапки кои достигнуваат и до 104 отсто.

ЕУ се подготвува за одговор

Членките на Европската Унија денеска ќе гласаат за планот за контрамерки. Земји како Франција, Германија и Шпанија повикуваат Унијата да ги задржи сите опции на маса во однос на одговорот кон САД.


Тарифите се однесуваат на речиси 60 трговски партнери. Дополнителните царини се движат од 11 до 50 отсто, додека Кина е најтешко погодена со царини од 104 отсто.


Кина веќе реагираше со силна реторика, заканувајќи се со одмазднички мерки доколку САД не се откажат од дополнителните тарифи.