Роби Вилијамс: „На почетокот од годината бев во тешка депресија, не го гледав излезот“

Точка

08/04/2025

17:19

2.952

Големина на фонт

а а а

Британскиот пејач Роби Вилијамс во новото интервју открил дека на почетокот од годината страдал од тешка депресија. Тој рекол дека тоа го изненадило бидејќи последната „епизода“ му се случила пред повеќе од 10 години.

„Оваа година започна со навистина лошо ментално здравје, што не ми се случило долго време. Бев тажен, бев анксиозен, бев депресивен. Поминаа околу 10 години… Мислев дека пристигнав на другата страна“, истакнал Роби.


„Мислев дека тоа е крајот“

„Мислев дека тоа е крајот на мојата приказна и дека ќе влезам во таа некоја прекрасна земја. Бев збунет кога сето тоа се врати“, додал тој. Неговата исповед доаѓа набргу откако открил дека лошо се справува со здравјето на неговите родители – мајката Џенет има деменција, а на таткото Пит му била дијагностицирана Паркинсонова болест.

Потсетуваме, пејачот минатата година го коментирал здравјето на своите родители: „Вистината е дека сум неверојатно зафатен и не се справувам со ситуацијата онака како што треба. Сè е ужасно комплицирано. Не би навлегувал во детали, ако кажам нешто, тие можеби ќе го прочитаат тоа и тогаш ќе треба да одговорам на многу прашања“, рекол пејачот.

Вилијамс како мајмун во „Better Man“

Вилијамс се најде во центарот на вниманието кон крајот на 2024 година поради полуавтобиографскиот филм „Better Man“. Во него, пејачот го толкува мајмун „CGI“, а гласот е на Џоно Дејвис. Роби своевремено признал дека не сакал да се глуми себеси бидејќи снимањето би го одделило од неговото семејство – неговата сопруга Ајда и нивните четири деца, ќерките Теди (12) и Коко (6) и синовите Чарли (10) и Бо (4).

„Не можев да ја поднесам помислата на тоа. Има еден куп работи што сакам да ги направам, а кои се подобри и само како идеја. Би било одлично на некоја вечера да кажам дека се играм себеси во филм. Но, кога дојде време за тоа, таа идеја ми стана здодевна“, изјавил Вилијамс за Би-би-си.