61-ва жртва на пожарот во кочанската дискотека: Почина уште еден пациент што беше на лекување во Литванија

Макфакс

07/04/2025

14:38

1.499

Големина на фонт

а а а

Почина пациент што бил на лекување во Литванија, со што тој е 61. жртва на пожарот што се случи на 16 март во дискотеката „Пулс“ во Кочани, дознава „Макфакс“.

Денеска почина и вториот пациент кој престојуваше во Литванија. Гавриловски беше во критична сосојба уште од почетокот. Од ГОБ „Наум Охридски“ беше упатен во Литванија. Од 4 април неговата состојба се влоши, од вчера беше на дијализа и за жал, денеска во 11 часот почина. Ова е втор пациент од 193 што се третираат во странство и во нашата држава кој почина, изјави Таравари.


Минатата недела, исто во Литванија, почина Александар Карадакоски, управителот на „Пулс“. Со тоа две лица ги загубија животите на лекување во странство по смртоносниот пожар.