Автомобил удри во велосипедист од Прилеп

Макфакс

06/04/2025

13:53

994

Големина на фонт

а а а

Автомобил удри во велосипедист на улицата Андон Слабејко во Прилеп, пришто велосипедистот се здоби со тешки повреди.

Несреќата се случи вчера на пладне.

„Автомобил „опел“ со прилепски регистарски ознаки управуван од О.Ѓ.(75) удрил во велосипед управуван од М.Т.(50), инаку двајцата од Прилеп. Во несреќата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Градската болница Прилеп“, соопшти МВР.

Извршен бил увид.