Венс за падот на берзата: Беше тоа само еден лош ден, ќе имаме бум

Макфакс

04/04/2025

08:46

896

Големина на фонт

а а а

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс изјави за „Newsmax“ дека вчерашниот пад на берзата, најголем од 2020 година, е само еден лош ден.

„Но, долго време ќе имаме бум на берзата, бидејќи повторно инвестираме во САД“, рече тој.

Потпретседателот нагласи дека владата сака Волстрит да работи успешно: „Но она што ни е најважно се американските работници и американските мали бизниси. Тие се оние кои ќе имаат најголема корист од овие политики“.

Венс, исто така, рече дека воведените царини можеле да бидат многу повисоки, но дека Трамп се обидува да испрати порака дека САД ќе бидат донекаде попустливи.