Кочани доби ново амбулантно возило – донација од компании

Макфакс

01/04/2025

16:58

1.660

Големина на фонт

а а а

Донирано е амбулантно возило за општата болница во Кочани од страна на приватни компании.

Амбулантното возило е донација на „Аутомотив груп“, „Соникс“ и „Шпаркасе“.

На примопредавањето присуствуваше генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓија Сајкоски, кој им се заблагодари на компаниите за донацијата..

„Ги повикувам и сите општествено одговорни компании, кои што сакаат да помогнат да донираат, отворени сме за соработка и да помогнеме и на Општата болница – Кочани, меѓутоа да помогнеме и на цел регион“, порача тој.

Приватни компании интензивно се вклучија со донации по трагедијата во Кочани во која загинаа 59 млади луѓе, а бргу потоа почина и возачот на Брзата помош од тој град кој во текот на целата вечер и утредента носел повредени со амбулантното возило до Скопје и назад, според сведочењата, 11 пати.

Неодамна компанијата „Алкалоид“ најави дека му ја плати стипендијата за студии на младиот Јован Костадинов кој спаси 21 живот во опожарената дискотека „Пулс“, со што стана лицето на хероите во трагедијата.