Де Роси добил повик од Премиер лигата

Макфакс

01/04/2025

14:21

980

Големина на фонт

а а а

Вулверхемптон стапиле во контакт со италијанскиот тренер Даниеле де Роси за можноста да го преземе тимот следната сезона.

Како што пренесува „Газета дело Спорт“, Де Роси имал повеќе од една средба со клупските челници.

Инаку, Вулверхемптон веќе го смени тренерот оваа сезона. Во моментов на клупата е Португалецот Витор Переира, кој во декември го замени Гери О’Нил.

Де Роси досега во кариерата ги водеше СПАЛ и Рома, каде што ја мина својата професионална фудбалска кариера. На клупата на „Волчицата“ мина осум месеци, од 16 јануари до 18 септември 2024 година.

Доколку двте страни постигнат договор, Де Роси ќе стане вториот италијански тренер во Вулверхемптон.

Легандарниот голман Валтер Зенга го водеше клубот помалку од три месеци од 1 август до 25 октомври 2016 година.

Вулверхемптон моментално е 17-ти на табелата во Премиер лигата, прв над зоната за испаѓање, со девет бода повеќе од Ипсвич.