Меншик му се обрати на Ѓоковиќ откако го остави без посакуваната „стотка“ во Мајами

Дерби

01/04/2025

13:27

371

Големина на фонт

а а а

Јакуб Меншик со своите изданија изминатава недела јасно стави до знаење дека може да биде еден од младите играчи на кои треба посебно да се обрне внимание во блиска иднина, бидејќи извонредниот пат во Мајами го комплетираше со победа над својот идол во големото финале.

Младиот 19-годишен Чех славеше над Новак Ѓоковиќ во два тајбрејка и ја освои првата голема титула во својата кариера, но откако го направи тоа, покажа завидна понизност и во ниту еден момент немаше прекумерна реакција.

Јакуб покажа максимална почит кон својот ривал и му се поклони за тениската историја која ја оствари досега, па откако му се обрати со говорот, сега тоа го направи и преку социјалните мрежи.

– Победа на АТП турот отсекогаш беше сон од детството, а играње во финалето против Новак го прави тој сон нестварен. Вистинсла легенда на играта и инспирација за сите нас, ти благодарам Новак што си таков фантастичен пример за нас!

– Голема благодарност до Мајами Опен, неверојатен турнир со неверојатни навивачи. Благодарен сум на својот тим, на спонзорите, на семејството и сите оние кои ми го чуваа грбот. Вие сте неверојатни момци! Едвај чекам да видам што носи вториот дел од сезоната, – порача Меншик.