Непријатен дуел на теренот заврши со експресна измена и итна операција на Силесен во Виго

Дерби

01/04/2025

13:26

694

Големина на фонт

а а а

Лас Палмас успеа да извлече голем бод на тешкото гостување во Виго во обидот да остане блиску до екипите кои се во сигурната зона во Ла Лига, но како што стојат работите, тимот од Канарските Острови до крајот на сезоната најверојатно нема да може да смета на еден од своите најдобри играчи.

Јаспер Силесен вчера беше повлечен од игра по само 27 одиграни минути на „Балаидос“ и итно беше изваден од тренерот на гостите, сето тоа како последица на жестокиот удар кој го доби во дуелот со Борха Иглесијас.

Непријатниот судир и ударот во пределот на стомакот го натераа Силесен да побара медицинска помош на теренот, по што на носилки беше изваден од игра и испратен во болница.

По направените детални прегледи на абдоменот, лекарите утврдиле дека Силесен добил перформација на дебелото црево, поради што итно бил опериран во раните утрински часови.

Според информациите, поранешниот голман на Барселона и Валенсија се наоѓа во стабилна состојба, но повеќе од веројатно е дека ќе отсуствува од терените во периодот кога Лас Палмас ќе води грчевита борба за опстанок.

Видеото од непријатниот дуел погледнете го ТУКА.