Гаши со честитка за Рамазан Бајрам: Да бидеме со чисто срце и поподготвени да помагаме

Макфакс

30/03/2025

10:06

680

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, упати честитка по пово Рамазан Бајрам.

„После еден период на длабоко размислување, пожртвуваност и ангажираност да се доближиме повеќе кон Бога, имам посебно задоволство да ви го честитам големиот празник – Рамазан Бајрам!

Рамазан нè учи дека постот е патот кон прочистување на душата и секој ден претставува можност за практикување на вредностите искреност, љубов и меѓусебна почит. Затоа, по завршувањето на месецот на Рамазан, да бидеме со чисто срце и поподготвени да им помогнеме на сите оние кои имаат потреба, како и да придонесеме кон зајакнување на заедницата, толеранцијата и општествената хармонија.

Во мое лично име и во името на Собранието на РСМ, нека е за многу години Рамазан Бајрам! Овој ден нека биде извор на радост и мир за вас и вашите семејства, со повеќе љубов, разбирање и солидарност!“, се вели во честитката на Гаши.