За едни СДСМ е мајка, а за други маќеа, велат од ВМРО-ДПМНЕ по скандалот со Јон Фрчковски

Макфакс

29/03/2025

10:00

1.394

Големина на фонт

а а а

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ ја повикува СДСМ да се огради од Јон Фрчковски по снимката со дрогата.

Од тука утрово ја опишаа СДСМ како партија која сака селективна правда, и молчи наместо да се огради од Фрчковски и да побара истрага од институциите.

„Тие секогаш се навикнати за едни да бидат мајка, а за други маќеа“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во нивното соопштение се додава и дека со молкот, оваа партија го брани Јон Фрчковски, кој според фотографиите на социјалните мрежи, користи кокаин.

„Дали СДС и Венко Филипче, ќе побараат одговорност за нивниот партиски миленик, кој се гледа од фотографиите како шмрка кокаин на работно место. Исто така, надлежните институции треба да постапат веднаш и да проверат кога Јон го користел кокаинот, дали кога бил помошник директор во ПУИГ или кога бил на партиска функција во СДС? Се поставуваат и други прашања, дали тој сам ја користел дрогата, дали ја користел на работно место во ПУИГ, од каде ја купил дрогата, дали можеби и тој продавал кокаин и дали таа влијаела во носењето на одлуки во ПУИГ?“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Системот мора да го промениме сите заедно, а не да продолжиме како до сега. Одговорност мора да има, додава партијата на власт.