СДСМ бара да се прошири истрагата за Кочани со актуелни функционери и службеници

Макфакс

29/03/2025

10:00

611

Големина на фонт

а а а

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија прашува до каде е проширувањето на истрагата за Кочани со актуелни функционери и службеници.

Опозициската партија обвинува за селективна истрага, барајќи институциите да одговорат зошто никој од актуелните функционери кои биле на должност и функција кога се случила страшната трагедија не се опфатени со истрагата.

Истрагата, велат од СДСМ, мора да одговори и на прашањето кој е одговорен што се случил пожарот кобната ноќ кој однесе толку жртви, но и кој е одговорен за пропустите на МВР, БЈБ, ДПИ, УЈП непосредно пред и за време на настанот.

Од партијата додаваат дека секој кој затаил и прекршил закон, мора да одговара, без разлика на функцијата, без калкулации, без селективност, без заштита, буквално секој.