Луѓе заробени под урнатините по земјотресот: „Се’ уште викаат и бараат помош“

Макфакс

29/03/2025

09:01

1.315

Големина на фонт

а а а

Во Мандалеј спасувачите се обидуваат да стигнат до седум лица затрупани под урната зграда.

Еден од членовите на спасувачката екипа изјави дека во текот на ноќта успеале да извлечат 50 лица од зградата.

Поминаа повеќе од 24 часа од земјотресот што ја погоди областа во близина на вториот по големина град во Мјанмар, а штетите се сразмерни на разурнувањата.

„Сè уште се обидуваме да ги извлечеме заробените, но ни требаат големи машини. Тие сè уште врескаат, ги слушаме нивните гласови, но не знаеме каде се“, рече спасувачот.

„Ако добиеме поддршка и тешка механизација, можеме да ги отстраниме урнатините и да ги извлечеме заробените луѓе“, додаде тој.

Oбјавена е и снимка од огромен расцеп на земјиштето во Мандалеј.

Според последните информации, бројот на загинати во разорниот земјотрес од 7,7 степени според Рихтер, надмина 1.000 лица.