[ВИДЕО] Крива Река е опасна за животот на луѓето, загадени и земјоделските насади – градоначалникот бара кривична одговорност

Макфакс

28/03/2025

13:46

1.717

Големина на фонт

а а а

Во согласност со извештајот на акредитирана лабораторија „Техно лаб“ во Скопје, водата во Крива Река, по земените примероци, еден ден по хаваријата во рудникот „Тораница“, е сериозно загадена и претставува опасност за животот и здравјето на луѓето по должината на течението на реката, но и за флората и фауната. Ова го истакна градоначалникот на општина Крива Паланка, Сашко Митовски.

„Извештајот покажува неверојатно зголемени концентрации на штетни материи, а она што најмногу загрижува е десеткратното зголемено присуство и концентрација на тешки метали, поточно количината олово во водата. Дополнително, за неколку стотици пати е зголемена концентрацијата на цијанид, фосфор и азот во Крива Река“, рече градоначалникот.

Нагласи и дека како резултат на ова загадување загрозена е и почвата по текот на овие две реки, и на реката Пчиња, но и на земјоделските насади што се наводнуваат од овие подрачја. Во ризик е ставено и здравјето на луѓето што ќе ги јадат овие зејоделски и сточарски производи, предупреди градоначалникот.

За ова загадување Општината ќе бара и кривична одговорснот. Гo повикуваат јавниот обвинител итно да преземе мерки за сторителот на ова загадување по повеќе точки од Кривичниот законик.