Времето до крајот на денот променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд.
Најпрвин во западните, а во текот на ноќта и во другите подрачја процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (локално над 30 л/м2), појава на грмежи и силен ветер.
Во Скопје ќе биде претежно облачно со повремен дожд, поинтензивен во текот на ноќта.
Во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со грмежи и засилен ветер.