[ВИДЕО] Министерката на Трамп од затворот во Ел Салвадор: „Ги затворивте терористите, ви благодарам“

Макфакс

27/03/2025

10:05

960

Големина на фонт

а а а

Американската министерка за домашна безбедност Кристи Ноем објави видео на социјалните мрежи снимено во контроверзниот голем затвор во Ел Салвадор. Таа им се заблагодари на таа земја и нејзиниот претседател што „ги примиле терористите и ги затвориле“.

Министерката Ноем го посети затворот во кој американските власти неодамна депортираа 238 Венецуелци.

Додека таа зборуваше, во ќелијата зад неа можеа да се видат десетици полуголи и тетовирани салвадорски членови на бандите MS-13 и 18th Street.

Посетата покажува дека претседателот Трамп не планира да отстапи од својата имиграциска политика и покрај судската забрана, потврдена од апелациониот суд, спречувајќи ја депортацијата на Венецуелците од американско тло според Законот за непријателски странци од 1798 година.


Свет
(Видео) Министерката на Трамп од затворот во Ел Салвадор: „Ги затворивте терористите, ви благодарам“

Објавено пред 5 минути

- 27 март, 2025

Од Е. Т. / Макфакс

Американската министерка за домашна безбедност Кристи Ноем објави видео на социјалните мрежи снимено во контроверзниот голем затвор во Ел Салвадор. Таа им се заблагодари на таа земја и нејзиниот претседател што „ги примиле терористите и ги затвориле“.

Министерката Ноем го посети затворот во кој американските власти неодамна депортираа 238 Венецуелци.

Додека таа зборуваше, во ќелијата зад неа можеа да се видат десетици полуголи и тетовирани салвадорски членови на бандите MS-13 и 18th Street.

Посетата покажува дека претседателот Трамп не планира да отстапи од својата имиграциска политика и покрај судската забрана, потврдена од апелациониот суд, спречувајќи ја депортацијата на Венецуелците од американско тло според Законот за непријателски странци од 1798 година.

„Ова е една од алатките со кои располагаме“, го опиша Ноем затворот како „една од достапните алатки“.

„Ова е една од последиците што можете да ги очекувате доколку нелегално влезете во нашата земја“, додаде.

За време на престојот, таа ќе се сретне со претседателот на Салвадор, Најиб Букеле, сојузник на американскиот претседател Доналд Трамп, кој го основа Центарот за притвор за терористи (Cecot) како дел од сопствената кампања против криминалните банди во Ел Салвадор.

Претседателот Букеле им понуди на САД да држат депортирани и затвореници во Цекота за време на неодамнешната посета на американскиот државен секретар Марко Рубио на оваа централноамериканска земја.

Овој потег предизвика жестоки критики во САД и Венецуела, при што бројни семејства на депортираните инсистираа дека членовите на нивните семејства немаат врски со ниту една банда.