Амбасадорот на Украина во Обединетото Кралство и поранешен командант на вооружените сили, Валериј Залужни, за време на разговор со студенти во украинскиот град Лавов, рече дека членот 5 на НАТО алијансата не постои и откри дека еднаш од него било побарано да не открива информации за руските беспилотни летала кои паднале на романска територија.
Имено, како што пренесува Киев пост, Залужни во својот говор го критикувал и членот 5 на НАТО, кој декларира дека нападот врз една членка на алијансата се смета за напад врз целата алијанса. Според него, оваа одредба не функционира секогаш ефективно во пракса.
„Балтичките земји разбираат дека не постои вистински член 5 и дека никогаш не постоел. Полска го разбира ова, каде одвреме-навреме паѓаат нашите или руски ракети. Тоа го разбира и Романија – тие едноставно молчат. Понекогаш ми се јавуваат и ми велат: Молчи“, изјави Залужни.
"There is no Article 5. I got a call from Romania asking not to mention 'Shaheds' falling there. They said, 'Why did you turn on the EW, now drones are headed our way?' I told them, shoot them down, you have 40 F-16s."
— NOELREPORTS 🇪🇺 🇺🇦 (@NOELreports) March 26, 2025
The Baltics, Poland, and Romania understand there is no… pic.twitter.com/evR6uVSqR1
Имено, како што пренесува Киев пост, Залужни во својот говор го критикувал и членот 5 на НАТО, кој декларира дека нападот врз една членка на алијансата се смета за напад врз целата алијанса. Според него, оваа одредба не функционира секогаш ефективно во пракса.
„Балтичките земји разбираат дека не постои вистински член 5 и дека никогаш не постоел. Полска го разбира ова, каде одвреме-навреме паѓаат нашите или руски ракети. Тоа го разбира и Романија – тие едноставно молчат. Понекогаш ми се јавуваат и ми велат: Молчи“, изјави Залужни.
Тој, исто така, потсети на примерот кога романските воени претставници изразија загриженост за ефективноста на украинските системи за електронско војување (EW).
Според Залужни, романските офицери му се јавиле и прашале зошто се активирани системите EW, поради што руските дронови ја изгубиле ориентацијата, го смениле курсот и полетале кон Романија.
„Ми се јавија од Романија и ми рекоа да не кажувам дека дронови паднале таму. Потоа повторно се јавија и ми рекоа: Зошто ги вклучивте вашите EW системи? Беспилотните летала полетаа кон нас. Реков, тогаш соборете ги. Имате четириесет Ф-16 таму“, раскажува Залужни.
Романија постојано наоѓала остатоци од руски дронови Шахед по масовните напади врз украинската инфраструктура – особено пристанишните објекти. Најчесто фрагменти од беспилотни летала биле откриени долж романскиот брег на реката Дунав, во близина на границата со Украина, пишува Киев пост.