Ангел е вториот пациент повреден од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, кој попладнево пристигна дома.
Тој допатува од болницата во Атина, каде што се лекуваше по катастрофата која проголта 59 млади животи.
Го пречекаа министрите за здравство и надворешни работи, Арбен Таравари и Тимчо Муцунски.
Согласно медицинскиот протокол, после 24 часовен престој на клиника и по направени токсиколошки испитувања, се очекува тој утре да биде пуштен на домашно лекување.
Вечерва ќе пристигнат уште четворица пациенти, кои беа на лекување во Шпанија.