Ова е највредната европска компанија: Гигант вреден неверојатни 314 милијарди евра ги остави сите зад себе!

Точка

26/03/2025

14:31

1.190

Големина на фонт

а а а

Германскиот софтверски гигант "SAP" стана највредната европска компанија, престигнувајќи ја данската фармацевтска фирма "Novo Nordisk". Пазарната вредност на "SAP" на Франкфуртската берза во понеделникот скокна на 314 милијарди евра, додека "Novo Nordisk" се проценува на 310 милијарди.

Компанијата со седиште во Валдорф, југозападна Германија, профитираше од "cloud" технологијата и експлозијата на вештачката интелигенција. Германскиот софтверски гигант минатата година најави реорганизација на своето работење поврзано со вештачката интелигенција (AI), што ќе опфати околу 8.000 вработени.


„Со планираната трансформација сè повеќе ги насочуваме инвестициите кон стратешките области на раст, особено во "AI"“, изјави тогаш извршниот директор на "SAP", Кристијан Клајн, и додаде:

„Тоа ќе ни овозможи да продолжиме да развиваме пионерски иновации и истовремено да ја подобриме ефикасноста на нашите деловни процеси.“


Од друга страна, "Novo Nordisk" изгуби околу половина од својата пазарна вредност од рекордот што го достигна во јуни, кога разви терапија за слабеење.

На глобалниот пазар на капитал доминираат американските компании. Според консултантската фирма "EY", само три германски компании се рангирани меѓу првите 100 во светот: "SAP", "Siemens" и "Deutsche Telekom".

Меѓу првите 100 компании, дури 62 се од САД.