[ФОТО/ВИДЕО] Хорор во Белгородската област: Воената репортерка Ана (35) налетала на мина, загинала на самото место

Точка

26/03/2025

14:46

3.375

Големина на фонт

а а а

„Киевскиот режим намерно цели руски новинари и ја поткопува нивната правна заштита“, изјави за ТАСС портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

Таа се огласи по смртта на руската воена репортерка во Белгородската област.

Воената репортерка на рускиот Канал 1, Ана Прокофјева, загинала во Белгородската област, додека снимателот Дмитриј Волков, кој ја придружувал, е повреден, пренесе руската државна новинска агенција Тас.

„Ана Прокофјева, воената дописничка на Канал 1, загинала додека ја вршела својата професионална должност. Ова се случи во Белгородската област на границата со Украина, каде што снимателската екипа на Канал 1 беше разнесена од непријателска мина. Камерманот Дмитриј Волков, кој бил со Ана, е повреден“, изјави портпаролот на каналот.

Прокофјева имала 35 години и работела за Канал 1 од 2023 година, покривајќи ја зоната „специјални воени операции“.

Инаку, руските воени блогери пред два дена на Телеграм објавија дека украинските сили влегле во селото Демидовка во Белгородската област.

„Населбата сега е под контрола на вооружените сили на Украина“, напишал воениот блогер Владимир Романов, познат како Романов Лајт на Телеграм.