Претреси во домот на сопственикот на дискотеката „Пулс“: Продолжува истрагата за пожарот во Кочани, соопшти МВР

Макфакс

26/03/2025

10:31

5.220

Големина на фонт

а а а

Вчера од страна на полициски службеници извршени се претреси во домот на Д.Ј., неговото возило „инсигниа“ и два угостителски објекти, како и во Државен пазарен инспекторат – Канцеларија Кочани.

Во домот на Д.Ј. пронајдени и одземени се лап топ компјутери, повеќе мобилни уреди, документација и други предмети, соопшти МВР.


Одредени предмети се одземени и од возилото и од угостителските објекти, а пронајдена и одземена е и финансиска документација.


Во ДПИ- Канцеларија Кочани пронајден и одземен е еден компјутер, еден лап топ компјутер и еден таблет, како и целокупната документација поврзана со правни субјекти во сопственост на Д.Ј..