Ендрик се отвори: Тешко ми е да зборувам, се плашам…

Дерби

25/03/2025

10:48

539

Големина на фонт

а а а

Големиот бразилски талент Ендрик ја игра првата сезона во Европа и тоа во редовите на Реал Мадрид, сезона во која тој веруваше дека ќе добие поголема минутажа, одговорност во великанот, но кокуренцијата е жестока и не е лесно да се избориш за место кај Карло Анчелоти.

Тој во сите конкуренции има одиграно 496 минута или на вкупно 28 средби има постигнато 6 погодоци. Ова секако не го задоволува амбициозниот Ендрик и тоа го откри во разговорот со легендарниот Ромарио каде посочи дека се плаши дека ако клупската ситуација не се промени ќе остане без повик за Бразил за Светското првенство кое е на програмата наредната година во САД, Канада и Мексико.

- Да бидам искрен, она што многу ми минува низ глава е тоа што се плашам да не бидам на Светското првенство во 2026 година. Загрижен сум… затоа што мојот сон е да бидам на Светското првенство. Дури е тешко да се зборува за тоа. Сакам да му помогнам на Бразил да го освои шестото Светско првенство, - вели талентираниот напаѓач.