Украинските и американските претставници денеска се среќаваат во Ријад

Макфакс

25/03/2025

09:25

526

Големина на фонт

а а а

Делегацијата од Киев денеска останува во Саудиска Арабија на понатамошни разговори со американски претставници.

Украинскиот јавен сервис „Суспилне“, повикувајќи се на украински извори, објави дека средбата ќе се одржи денеска – еден ден откако САД и Русија одржаа состанок во истата земја.

Минатата недела Москва го отфрли американскиот предлог за 30-дневен прекин на огнот, а вчера Доналд Трамп ги наведе темите на дневниот ред на разговорите. „Во моментов зборуваме за територија“, рече Трамп. „Зборуваме за разграничување, за моќ и сопственост на електрани“.