Швеѓаните ги бојкотираат супермаркетите поради високите цени на храната

Макфакс

25/03/2025

09:23

593

Големина на фонт

а а а

Швеѓаните одлучија да преземат директна акција против поскапувањето на храната.

Организираа седумдневен бојкот на најголемите супермаркети во земјата, објави „Гардијан“.

Протестот, познат како „Бојкот на 12-та недела“ – наречен така затоа што започна на 12-та недела од календарската година – започна минатата недела и брзо стана национална тема, благодарение на објавите на социјалните мрежи.

Според проценките, цената на храната за просечното семејство во Шведска е зголемена за околу 2.740 евра од јануари 2022 година.