[ВИДЕО] Илон Маск си играл со вилушки и лажици на вечера кај Трамп во Белата куќа: Не престануваат шегите и мемињата на негова сметка

Точка

24/03/2025

12:58

2.453

Големина на фонт

а а а

Како што сопственикот на Икс, Илон Маск станува сè поблизок со американскиот претседател Доналд Трамп и неговата втора администрација, серија од неговите видеа станаа вирални на социјалните мрежи. Последната го прикажува Маск како си игра со вилушка и две лажици.

Маск бил снимен како балансира конструкција составена од вилушка и две лажици на прстот за време на вечерата во Белата куќа. На видеото се гледа и Трамп, кој во тој момент разговара со друг гостин. Во друго видео, портпаролката на Белата куќа, Каролина Левит се чини дека е прилично восхитена од неговата вештина.

Сепак, многу корисници на социјалните мрежи не беа воодушевени од оваа забава. Еден ја нарече „циркус“. Други ја опишаа како „неверојатно срамна“.