Македонската фудбалска репрезентација на теренот во Вадуц ќе истрча со црни тренинг маички со кои ќе биде искажана почит и сочувство за жртвите од катастрофалната несреќа во Кочани.
Македонските фудбалери ќе им оддадат почит на настраданите во огромната трагедија во Кочани, со посебно дизајнирани маици во црна боја.
Во спомен на загинатите, и со желби повредените побрзо да оздрават, се очекува да мине денешниот фудбалски натпревар меѓу Лихтенштајн и Македонија во Вадуц.