Папата Франциско мора повторно да научи да зборува по терапијата со кислород

Нетпрес

22/03/2025

08:39

561

Големина на фонт

а а а

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциско полека ја враќа силата во болница, но „мора повторно да научи да зборува“ по долгиот период на терапија со кислород, изјави во петокот вечерта кардиналот Виктор Мануел Фернандез.

Кардиналот, кој го предводи кабинетот за доктрина во Ватикан, ги отфрли шпекулациите дека папата ќе се повлече и рече дека неговото здравје полека се враќа.

„Папата е многу добро, но кислородот со голем проток сѐ исуши. Тој мора повторно да научи да зборува, но неговата севкупна состојба е иста како порано“, рече Фернандез на промоцијата на новата книга за поезија на Франциско.


Осумдесет иосумгодишниот папа беше хоспитализиран пет седмици со двојна пневмонија, а Ватикан објави само една кратка аудио снимка на која зборува на 6-ти март, кога неговиот глас беше слаб, без здив и тешко разбирлив.

Во својот најнов извештај за здравствената состојба на папата од петокот, Ватикан наведе дека состојбата на Франциско останува стабилна со „мали подобрувања во дишењето и мобилноста“.


Сè уште нема официјални информации за тоа кога би можел да се врати во Ватикан, а кардиналот Фернандез рече дека не знае дали ќе биде отпуштен од болницата за Велигден, кој се паѓа на 20-ти април.

На прашањето дали Франциско може да се повлече од функцијата, кардиналот одговори: „Навистина не мислам така, не“.