[ФОТО] Ретко појавување на синот на Де Ниро – Вниманието го привлече со невообичаената модна комбинација

Точка

21/03/2025

15:32

2.550

Големина на фонт

а а а

Синот на легендарниот актер Роберт де Ниро, Арон Кендрик го привлече вниманието на медиумите со невообичаениот изглед за време на заедничкото излегување со својот татко во Њујорк.

Имено Арон изгледал сосема поинаку од неговите претходни јавни појавувања. Наместо кратката темна коса и костумот со вратоврската што вообичаено носел на настани, Арон сега се појавил со долга розова коса врзана во опавче и чизми со високи потпетици.


Арон, кој нема профили на социјалните мрежи, генерално е некој што го избегнува медиумското внимание и како резултат на тоа, многу малку се знае за него. Неговата мајка, актерката Туки Смит, најпозната по улогата на Ева Раули во серијата „227“ и Де Ниро ги добија близнаците преку сурогат мајка, откако се обиделе со ин витро оплодување. Двојката беше заедно осум години, од 1988 до 1996 година.

Роберт де Ниро постојано зборувал за предизвиците на воспитувањето на деца кои не се од иста раса како нивните родители, нагласувајќи ја важноста на самодовербата и пронаоѓањето на сопствениот пат во животот.

„Никогаш не сум ги сфаќал моите деца здраво за готово. Важно е тие секогаш да даваат сè од себе и да не се плашат да одат по она што навистина сакаат да го прават“, рекол Де Ниро.


Иако Арон не се стремел кон слава, неговиот брат близнак Џулијан тргнал по стапките на својот татко и станал актер. Својот прв голем успех Џулијан го постигнал во 2016 година со појавувањето во филмот „In Dubious Battle“, покрај познатите актери како Селена Гомез и Џејмс Франко. Тој исто така го толкувал младиот Барак Обама во драмската серија „The First Lady“ од 2022 година.

Од друга страна Арон Кендрик, студирал компјутерски науки и математика на Универзитетот во Њујорк, а исто така има голема страст кон пишувањето. Во 2018 година, тој објавил анализа на тема „What the world wants“ во Вашингтон пост, во која ги истражил желбите на луѓето на Твитер во 2018 година.


Де Ниро, кој има седум деца со четири различни жени, неодамна доби уште едно дете со девојката Тифани Чен, непосредно пред неговиот 80-ти роденден.