Таравари постхумно ќе го одликува починатиот возач на Итната помош: Не знам колку часови работел, но направил огромна работа

Макфакс

20/03/2025

18:04

2.038

Големина на фонт

а а а

Возачот Иле Гоцевски, кој почина откога единаесет пати го мина патот од Кочани до Скопје со пациенти, ќе биде постхумно одликуван. Министерот за здравство Арбен Таравари најави дека следната недела ќе го повика неговото семејство и ќе го одликува.

„Јас немам информација колку часови работел, меѓутоа дека направил огромна работа за превоз на пациентите – тоа е неоспорно. Планирам, како Министерство за здравство, да го викнам неговото семејство и постхумно да го одликуваме. Да помине оваа недела, идната планирам како министер да го одликувам постхумно“, рече министерот Таравари.


На новинарско прашање дали навистина возачот работел 30 часа и дали тоа е недостиг во службата, министерот кусо одговори: „Во вонредни состојби сите работиме, беа да гледаме во часовникот и на работното време“.

Возачот Иле Гоцевски, откога ги превезол сите повредени во пожарот во Кочани во неделата утрото, а кои можел да ги превезе, се вратил дома да се одмори и не се разбудил. Неговата смрт ја потврди министерот Таравари пред три дена со објаснување дека срцето не му издржало.