Марсело го откри својот најголем адут во играчката кариера: Тоа ме правеше поразличен од другите

Дерби

20/03/2025

10:49

1.451

Големина на фонт

а а а

Марсело неодамна одлучи да означи крај на фудбалското патување и замина во пензија како еден од најуспешните играчи во историјата на Реал Мадрид, достигнувања кои според легендарниот Бразилец немале да бидат возможни ако немал фудбалска основа од мал фудбал.

Во последното интервју кое го направи со Хорхе Валдано, Марсело открива дека негов најголем адут во играчката кариера бил футсалот, бидејќи пред да потпише за Реал Мадрид, имал искуство од само четири години во големиот фудбал.

– Кога станав професионалец, јас имав многу малку искуство од голем фудбал, во главата ми беше само футсалот и фудбалот на мали голови. Во главата ми беше футсалот, а единствена промена ми беа обувките. Наместо со патики, играв со копачки.

– Поради тоа правев работи кои не можеа да ги прават другите и затоа бев поразличен од останатите. Големиот фудбал е поразличен од футсалот. Јас правев поразлични дриблинзи од обично и затоа добив повик на голем терен. Кога почнав да играм голем фудбал, за мене беше многу полесно поради просторот кој го имав, но и поради големината на головите.

– Јас дојдов во Реал Мадрид на 18 години, а дотогаш имав искуство од само четири години во голем фудбал. Футсалот е мојата основа, многумина не сфаќаат каква фудбалска основа може да се стекне на мал простор. Постојано имате контакт со топката, ви се отвора визија за игра, немате многу време за мислење. Футсалот ми даде се и тоа беше мој најголем адут во кариерата, – потенцира Марсело.