[ВИДЕО] Четири возила се судрија во Србија, изби пожар: Загина брачна двојка и уште едно лице

Макфакс

20/03/2025

07:59

922

Големина на фонт

а а а

Вчера околу 18.25 часот на патот Меленци-Башаид во северна Србија се случи тешка сообраќајна несреќа. Загинаа три лица, брачна двојка во автомобил со новосадски регистарски таблички и едно лице од Зрењанин, пренесува српски Телеграф.

Во несреќата учествувале три автомобили и еден трактор. Два автомобили се запалиле и целосно изгореле. Тракторот бил смачкан.

На местото на настанот пристигнале седум возила на брза помош. Повредени се четири лица. Двајца се тешко повредени, а двајца полесно.