Апасиев бара оставка од Тошковски по несреќата во Кочани: Вие сте министер од јануари 2024, а фалц лиценцата е обновена во март 2024, што значи токму во времето на вашето министерување

Макфакс

19/03/2025

16:36

2.619

Големина на фонт

а а а

На социјалните мрежи лидерот на Левицата, Димитар Апасиев, бара оставка од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по несреќата во Кочани.

„По вчерашната експликација за одговорноста на градоначалникот на Кочани, денес продолжуваме со правни аргументи зашто и Министерството за внатрешни раноти, на чело со министерот, сноси одговорност за ситуацијата со диско-шталата.

БЕЗ ПАУШАЛНИ ОБВИНУВАЊА - САМО ПРАВНО АРГУМЕНТИРАНО!

После вчерашната експликација за одговорноста на Градоначалникот...

Posted by Димитар Апасиев on Wednesday, March 19, 2025

Согласно чл. 21, ст. 1, ал. 4 од Законот за угостителската дејност („Службен весник на РМ“ бр. 62/2004), кој досега е менуван дури 15 пати, МВР дава согласност за објектот дека ги исполнува условите за заштита на јавниот ред и мир плус за безбедност во сообраќајот (паркинг и сл.).

Но, покрај оваа изречна законска надлежност, Министерството, со кое раководи Панче Тошковски – во јавноста попознат и како адвокатот на урбаната мафија, има и дополнителни ингеренции за дискотеки и кабариња, и тоа:

– проверка на работно време;

– проверка на пиротехничките средства;

– проверка на гласност и бучава;

– проверка на присуство на малолетници (и точење алкохол);

– проверка на наркотични супстанции и др.

Така што, министре, и да не сте директно кабает со непосредна вина, во крајна линија имате политичка и правна одговорност за овој случај затоа што вие сте министер од јануари 2024, а фалш лиценцата е обновена во март 2024, што значи токму во времето на вашето министерување“, пишува Апасиев.

Оттука, како што додава, според него, „смената на командирите и на началниците на СВР и ОВР не е доволна и е жртвување пион за кралица. Потребно е да покажете доблест и да си поднесете неотповиклива оставка од морални причини“, нагласува Апасиев.