Германската технолошка групација Сименс објави дека ќе отпушти околу 6.000 работници, со што значителен број вработени ќе се најдат на улица.
Компанијата со седиште во Минхен наведува дека особено ќе страда областа на индустриската автоматизација, чиешто јадро е одделот „Дигитални индустрии“ (ДИ) и столбот на идниот бизнис, објави Sueddeutsche Zeitung.
Се смета дека само во таа област треба да се укинат 5.600 работни места, од кои 2.500 се во Германија, а тие планови вчера беа претставени пред претставниците на вработените.
Извршниот директор на Сименс, Роланд Буш веќе навести за отпуштања оваа есен, но без дополнителни детали.
Компанијата забележува дека останува посветена на Германија како локација, но дека пазарот е во пад веќе две години, па затоа капацитетот мора да се прилагоди.
Според Сименс, бројот на вработени во Германија треба да биде константен, бидејќи компанијата планира да вработи нови вработени и во други области кои растат.