Добра вест е што поминаа критичните 72 часа и не почина ниту еден од преживеаните, 101 пациент е во странство, рече Таравари

Макфакс

19/03/2025

11:45

1.300

Големина на фонт

а а а

Министерот за здравство, Арбен Таравари, утрово со олеснување извести дека поминале критичните 72 часа за повредените во пожарот во Кочани. Дома и во странство се лекуваат вкупно 178 пациенти и сите се во стабилна состојба.

Ги поминавме првите критични 72 часа, нема ниеден починат од тие што ја преживеаја трагедија. Се надевам дека сите пациенти ќе закрепнат и полека полека од идните прес конеренции да зборуваме само колку пациенти си одат дома.

„Добра вест што сакаме да ја соопштиме е дека ги поминавме првите критични 72 часа, нема ниеден починат од тие што ја преживеаја трагедија. Се надевам дека сите пациенти ќе закрепнат и полека-полека од идните прес- конференции ќе зборуваме само колку пациенти си одат дома. Се третираат вкупно 178 пациенти низ различни здравствени установи. Од нив 64 се во државните болници во Македонија и 13 пациенти се во приватните болници. Сите се во релативно стабилна состојба. Во моментот 101 пациент се третира надвор од државата. Сите се во релативно стабилна состојба“, рече министерот Таравари.


Вчера лично ги посетил сите пациенти сместени во Солун и во Софија. Во Солун се петмина, во Софија деветмина. Двајца од пациентите во Софија вера биле симнати од респиратор, а уште двајца ќе бидат симнати денес.

Таравари рече дека денес ќе бидат последните трансфери на пациенти во странство. Петмина повредени ќе заминат за Шведска и веќе нема потреба од лекувања во странство.

На лекување во Бугарија се 15 пациенти, во Србија 30, во Грција 12, во Турција 9, во Унгарија 6, во Австрија 6, во Хрватска 5, во Словенија 4, во Литванија 4, во Белгија 4, во Италија 4 и во Полска 2 пациенти.

Денес од болница ќе бидат пуштени двајца од тројцата пациенти сместени во болницата во Штип, а министерот Таравари се надева дека во следните денови ќе има повеќемина кои ќе си заминуваат дома.