Непребол: Андреј и Сара ќе бидат погребани утре во Скопје

Макфакс

19/03/2025

11:09

1.551

Големина на фонт

а а а

Трагично загинатиот пејач на групата „ДНК“, Андреј Ѓоргиески ќе биде погребн утре, 20 март на градските гробишта во Бутел.

Информацијата со јавноста ја сподели сопругата на Андреј, Наталија.

Ковчегот ќе биде изложен во капелата во „Бутел“ во 10 часот.

Утре ќе биде погребот и на Сара Пројковска, членка на бендот „ДНК“.

Погребот на нашата драга и сакана,

непребол

вонр.проф.м-р Сара Пројковска

ќе биде утре, 20.3.2025, четврток,

на гробиштата во Лисиче.

Телото ќе биде изложено во црквата Св.

Петар и Павле во Лисиче од 12ч.

Posted by Факултет за музичка уметност - Скопје on Wednesday, March 19, 2025

„Погребот на нашата драга и сакана, непребол, вонреден професор м-р Сара Пројковска ќе биде утре, 20.3.2025, четврток, на гробиштата во Лисиче. Телото ќе биде изложено во црквата Св. Петар и Павле во Лисиче од 12 часот’, известија на социјалните мрежи од Факултетот за музичка уметност – Скопје.

Групата настапуваше во дискотеката во која ноќта помеѓу 15 и 16 март избувна пожар во кој загинаа 59 лица, а 155 се повредени.