Таравари: Eкспертски тим од Министертвото за здравство ќе ги разгледа сите факти за смртта на 32-годишникот од Куманово

Макфакс

19/03/2025

09:36

2.372

Големина на фонт

а а а

„Во овие тажни часови за сите нас, страшна вест ми стигна од Куманово. Животот на еден млад човек беше скратен на својот врв. 32-годишниот се викал Ведат Адеми“, објави на социјалните мрежи, министерот за здравство, Арбен Таравари.

„Јас сум на првата линија на кочанската трагедија и срцето ми е скршено деновиве, а за Ведат беше уште еден удар… Изразувам сочувство до семејството!

Ја чувствувам болката на неговиот татко, кој со свои нозе го однел синот во болница! Го разбирам неговиот револт кон докторот за кој се сомнева дека направил лекарска грешка!

Наредив експертски тим од Министертвото за здравство да ги разгледа сите факти и доколку тоа се докаже, ги повикувам правосудните органи строго да го спроведуваат законот!

Без никаков компромис бидејќи грешките ни ги земаат најскапоцените работи…“, додава Таравари.

Në këto orë të trishta për të gjithë ne, një lajm i tmerrshëm më erdhi nga Kumanova.

Një djalit të ri, i është ndërprerë...

Posted by Arben Taravari on Wednesday 19 March 2025