[ВИДЕО] Запалени возила „Тесла“ во Лас Вегас, ФБИ: Нападот има елементи на тероризам

Макфакс

19/03/2025

08:20

629

Големина на фонт

а а а

Утринава во сервисен центар на Tesla во Лас Вегас изгореле или се оштетени повеќе возила, а ФБИ не ја исклучува можноста за тероризам, пишува „Фокс Њуз“.

Во инцидентот оштетени се пет возила, а две се опожарени. Спенсер Еванс, специјален агент на ФБИ во Лас Вегас, за новинарите изјави дека инцидентот секако има некои карактеристики на терористички напад, но сè уште е рано да се направи конечна проценка.

Заедничкиот антитерористички тим на ФБИ моментално го истражува инцидентот.

Околу 2:45 часот, полицијата во Лас Вегас примила неколку повици во врска со пожари во сервисот. Помошник началникот на противпожарната служба Џенифер Вајат изјави дека пожарите биле ограничени на две возила и биле изгаснати пред да стигнат до батеријата.

Иако еден осомничен е снимен со камера, полицијата не ја исклучува можноста дека повеќе лица учествувале во нападот. Се уште не е утврдено кои се сопствениците на оштетените возила.

Основачот и извршен директор на „Тесла“, Илон Маск, го осуди инцидентот, нарекувајќи го луд и длабоко погрешен. Тој, исто така, пренесе постови во кои го нарече инцидентот терористички чин.