Беќаровски за пациентите на Токсикологија: Млади страдалници раскажуваат како мирисот на изгорено човечко месо им ги парал ноздрите, а нам солзи ни навираат

Макфакс

18/03/2025

18:34

1.514

Големина на фонт

а а а

Докторот Нико Беќаровски на неговиот фејсбук посочи дека на Универзитетската клиника за токсикологија хоспитализирани се дваесетина млади лица повредени од пожарот во дискотеката во Кочани.

„На Универзитетската клиника за токсикологија хоспитализирани се дваесетина млади страдалници од хоророт кој го доживеаа во таканаречениот кабаре бар. Од една страна среќни што сепак извлекле жива глава, задоволни што поминале со некоја полесна изгореница, сѐ уште со гареж во нивните гради“, но секој од нив има своја траорна приказна за ужасот кој го доживеале тие 10-30 минути“, посочи докторот Нико Беќаровски и додаде:

„Раскажуваат низ солзи, како преку нив газеле други деца бегајќи од пламените, како изнесувале на своите раце изгорени и јагленисени свои другари, како мирисот на изгорено човечко месо им ги парал ноздрите, како топлината им го горела ждрелото, како чучнати во вецето го чекале судниот момент и уште многу други лични трауми кои ги погодија овие прекрасни млади личности. Тие раскажуваат, нас солзите нѝ навираат“.

РАНИ НА МЛАДИТЕ НЕДОЛЖНИ ДУШИ


На Универзитетската клиника за токсикологија хоспитализирани се дваесетина млади...

Posted by Bekjarovski Niko on Tuesday, March 18, 2025

Истакна дека ова се дваесетина индивидуални драми, но секој од тие петстотини невини фиданки, има своја приказна своја лична траума.

„Драми кои не може да ги креира ниту Холивуд. Физичките трауми ќе зараснат или ќе остават трајни физички дефекти, но душевните трауми уште долго или доживотно ќе бидат нивен следбеник. Ноќните кошмари уште долги години ќе бидат нивен несакан ноќен придружник. ЗОШТО ??? За туѓи бели дворови, копај си црни гробови”, завршува Беќаровски.