Резервоарот со нафта во Кочани бил празен и не е поврзан со дискотеката, рече Тошковски

Макфакс

18/03/2025

17:05

487

Големина на фонт

а а а

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, потврди дека во близина на дискотеката „Пулс“ е пронајден резервоар за нафта, но вели дека тој е целосно празен и немало никаква поврзаност помеѓу сопственикот на резервоарот и менаџментот на дискотеката.

Претходно се појавија информации дека постоела опасност од разорна експлозија поради резервоарот кој се наоѓал блиску до местото на трагедијата.

Од Обвинителството во текот на денот објавија дека при увидот е констатирано дека постоел склад за гориво во близина на објектот, а сите други околности се испитуваат.