Американскиот актер Патрик Шварценегер, кој се прослави со улогата во серијата „The White Lotus“, позирал во провокативно издание со својата свршеница Аби Чемпион за брендот „SKIMS“.
На една од фотографиите тој позираше гол, покривајќи ги интимните делови со букет. Чемпион носела градник и проѕирно мини здолниште. Сопственичка на споменатиот бренд е Ким Кардашијан, а парот ја рекламира колекцијата „Wedding Shop“.
Исто така, Шварценегер бил фотографиран во боксери, додека Чемпион носела долна облека и халтери.
„Ова е многу возбудлив период во мојот живот и сакам да се чувствувам најдобро што можам. SKIMS ми дава самодоверба и удобност. Едвај чекам да ги носам овие комбинации на мојот меден месец“, рече Аби.
Актерот изјави дека снимањето на оваа реклама било забавно и дека сега е уште повозбуден поради венчавката.
„Обично се очекува од младоженците само да се појават, но Skims при дизајнирањето ги имал на ум и мажите“, рече тој.
Парот почнал да се забавува во 2015 година, а Патрик ја запросил Аби кон крајот на 2023 година.