Пејачката со потекло од Косово прозборе за бракот со 15 години постариот режисер

Точка

18/03/2025

15:19

25.755

Големина на фонт

а а а

Британската пејачка Рита Ора, со потекло од Косово, ретко зборувала за бракот со новозеландскиот режисер Таика Ваитити. Меѓутоа во новото интервју, таа сепак прозборе за нејзиниот 15 години постар сопруг.

„Таика и јас сме практично само најдобри пријатели и претпоставувам дека сакавме да живееме во тој елемент засекогаш“, рече таа за магазинот „Hunger“. Пејачката исто така рече дека Таика бил еден од изворите на инспирација за нејзиниот последен албум „You & I“, кој беше објавен пред две години.

Се запознале во 2018 година, се венчале во 2022 година

Потсетуваме, Рита и Таика се запознале во 2018 година, а почнале да се забавуваат во 2021 година, кога и двајцата биле на снимање во Австралија.



Тие се венчаа во 2022 година во Лос Анџелес, а славната пејачка дури речиси една година по церемонијата објави фотографии од венчавката.


Исто така парот ја потврди венчавката дури една година подоцна, а Рита тогаш за магазинот „Grazia“ изјави дека сè импровизирале. Ора истакнала дека пред Таика била во врски кои не ѝ одговарале, но дека со режисерот почувствувала дека сè е како што треба.


Инаку Ора претходно била во врска со познати личности како Бруно Марс, АСАП Роки и Ендрју Гарфилд. Од друга страна Ваитити бил во брак со продуцентката Челзи Винстанли од 2011 до 2018 година, а со неа добил две ќерки.